Властодршците ги донесоа граѓаните во безизлезни ситуации, рече пратеничката Лидија Петковска, на денешната седница за буџетот.
Таа додаде дека власта се фали дека интензивно работи на образованието но фактите говорат спротивно.
„Немаме никаков прогрес и подобрување на образовниот квалитет во образовниот систем во земјава. Недоволно јавни инвестиции за образование и обуки, 3.7% од БДП споредено со просекот од 5% земјите Организација за економска соработка и развој. Тоа значи 150 милиони евра помалку инвестиции секоја година“, нагласи Петковска.
Пратеничката посочи дека има незначителни издвојувања за буџетски средства за истражувања и иновации.
Само 0.4% од БДП споредено со просекот од 2.2% во ЕУ. Тоа значи 200 милиони евра помалку за инвестиции во иновации, истражување и развој секоја година. Образовниот систем е под политичко влијание и корупција, рече Петковска.