Пензиите минимално ќе се растат откако власта го смени законот за да се ослободи од обврската за пензионерите да одвои повеќе пари. Пензионерите се револтирани бидејќи примањата ќе им растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, но не и според просечната плата, како што беше случај изминативе години. Со оглед на тоа што инфлацијата е ниска, од Сојузот на здруженија на пензионери велат примањата незначително ќе им се зголемат, а јазот меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери уште повеќе ќе се продлабочи, објавува една телевизија.
Пензионерите сметаат дека власта побрзала на крајот на декември да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе. Велат до крајот на месецов ќе му предложат на министерството за труд вонредно да ги зголеми најниските пензии, затоа што во моментов многу пензии се пониски од износот на социјална помош.
Од министерството за труд, пак потврдуваат дека пензиите ќе се усогласуваат редовно два пати во годината, но само согласно растот на трошоците за живот.
–Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4% – велат од министерството за труд.