Економија 11. април 2018. / 10:43

Пејпал се претвора во „виртуелна банка“ – нуди дебитни картички

Пејпал се претвора во „виртуелна банка“ – нуди дебитни картички

„Пејпал“ планира да воведе дебитни картички кои ќе може да се користат за плаќање и повлекување пари од банкомати. Ова е дополнување на банкарските сервиси, како можностите за депонирање пари на сметката со сликање на чекот, па дури и заеми за мали бизниси. Идејата е да се намамат луѓе без сметки во банка да почнат да ја користат платформата, а не да се намамат постојните клиенти на традиционалните .

„Пејпал“ веќе неколку месеци ги тестира своите нови понуди во САД, така што се врза со неколку мали банки кои управуваат со овие неколку функции. Треба да се нагласи дека компанијата и претходно издаваше картички.