Економија 19. март 2020. / 15:28

Пазарниот инспекторат, УЈП и АХВ со вонредни контроли

Пазарниот инспекторат, УЈП и АХВ со вонредни контроли

На денешниот состанок на  Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, одржан во Владата со кој претседаваше премиерот Оливер Спасовски, беше одлучено да се спроведат вонредни контроли.

Управата за јавни приходи, пак се задолжува, да ги стави на располагање сите свои капацитети и ресурси на Државниот пазарен инспекторат, со цел подготовка на функционален план за вршење заеднички координирани теренски контроли.

Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, се обврзува веднаш да спроведе вонредни контроли во трговијата, особено на трговците со храна, на пазарите, во маркетите, големите трговски ланци и слично (дали се почитуваат правилата за трговија и ракување со храна особено во услови на криза и вонредна состојба, дали стоката се продава со поминат рок, дали вработените постапуваат согласно стандардите, дали се почитуваат дадените мерки и препораки за заштита од Ковид-19), како и други аспекти од надлежност на Агенцијата.