Економија 21. јуни 2018. / 16:18

Пазарната инспекција влезе во туристичката агенција Орфеј

Пазарната инспекција влезе во туристичката агенција Орфеј

Пазарната инспекција влезе во туристичката агенција Орфеј. По објавената сторија на Алста М за наводна измама врз семејство од Скопје, инспекторатот ги чешла документите од последниов период. Директорот на пазарната инспекција Стојко Пауновски, телефонски ни соопшти дека агенцијата му е добро позната. За последните четири месеци Орфеј добил две пријави, а третата е во процедура, вели Пауновски. Дополнителен сомнеш во конкретниов случај е тоа што туристиката агенција ја променила локацијата.

ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА:
„Согласно Законот за туристичка дејност за да може една лиценца да се одземе од страна на Министерството за економија првично треба да му бидат одредени две казни од Државен пазарен инспекторат“.

Од туристичката агенција Орфеј ниту денеска не сакаа да коментираат. Ни соопштија дека со оштетената странка се спогодиле и на семејството Михаиловски ќе им бидат вратени парите кои биле уплатени, но и оние кои дополнително ги потрошиле во Грција. Од Органзиацијата на потрошувачи пак велат дека при избор на агенција, граѓаните задолжително да проверуваат дали фирмата има чисто минато. Во случај потпишаниот договор да не им е јасен да се консултираат со правник.

„Веднаш кога ќе се вратат, ако се незадоволни од услугата, може да не е остварена понудата соглсно договорот, па да побараат обештетување кај агенцијата во рок од осум дена согласно Законот за облигациони односи. Потоа агенцијата да направи спогодба со нив, да ги обештети, да им ги врати парите во целост или делумно во зависност за што приговараат“, изјави Маријана Лончар Велкова -Oрганизација на потрошувач.

Семејството Михаиловски вчера јавно се пожали дека во јануари годинава уплатило близу 84 илјади денари во туристичката агенција Орфеј за петдневен одмор во Грција, за двајца возрасни и две малолетни деца. Кога пристигнале во хотелот – рецепционерот им соопштил дека тие немаат резервација.

„Неколку дена пред тргнувањето уредно го подигнавме ваучерот од агенцијата. Ни потврдуваат дека е уплатено, меѓутоа кога стигнавме од хотелот ни рекоа дека средствата не се префрлени”, вели Глигор Михаиловски, оштетен.

За туристичката агенција Орфеј предистражна постапка има поктренато и Јавното обвинителство.