Економија 22. декември 2018. / 14:00

Парите за новогодишни украси, Општина Велес ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Парите за новогодишни украси, Општина Велес ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Општина Велес годинава одлучи парите од буџетот наместо да се користат за купување нови новогодишни украси, календари и други промотивни материјали, да ги донира на социјално најзагрозените семејства. Вкупно 300 илјади денари ќе се поделат по три илјади денари на сто социјално загрозени семејства.

Според градоначалникот Аце Коцевски, Општината на ваков начин ќе придонесе сограѓаните да имаат убави и исполнети празници со своите семејства.

-Ќе им овозможиме да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците, потенцира Коцевски на прес-конференција.

Во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, средствата од 300 илјади денари еднакво ќе се распределат на 100 социјално загрозени семејства. Од нив, 80 семејства се од градот и 20 од населените места.