Уште на почетокот на мојот мандат ветив дека ќе се залагам на правата на самохраните родители!, напиша Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“.
Заедно со колегата Тимчо Муцунски / Timco Mucunski денес поднесовме 3 амандмани на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и ИСТИТЕ БЕА ПРИФАТЕНИ!
Сметавме дека ќе биде направена голема неправда врз Самохраните родители во Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и предложениот закон не ги опфаќа СИТЕ самохрани родители, додава Панова.
Таа ги појасни измените на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните:
Имено предложениот закон:
-ИМАШЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ па правото да добијат еднократна парична помош од 6.000 денари, ќе го имаа само тие што за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари.
1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/7 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ вакво ограничување повеќе нема!
– НЕ БЕА ОПФАТЕНИ Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита ( разведени родители кои примаат некаков додаток )!
2. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/9 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ сега и Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита. Истите се опфатени со Законот за заштита на децата ( разведени родители кои примаат некаков детски додаток )
3.Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/8 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ техничко се усогласени и надлежните институции кои ќе ги достават потребните податоци, со цел да бидат опфатени што е можно повеќе самохрани родители со оваа мерка!
Благодарност за разбирањето на сите присутни пратеници и од власта и од опозицијата кои гласаа за овие амандмани!
ПОЧИТУВАНИ САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ!
Уште на почетокот на мојот мандат ветив дека ќе се залагам на правата на САМОХРАНИТЕ…
Posted by Ели Панова on Thursday, December 3, 2020