Економија

Паѓа производството на македонскиот мед, оваа година нема никаков извоз

Паѓа производството на македонскиот мед, оваа година нема никаков извоз

Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари. Пчеларите истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18.Денови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.  Во Куманово има околу 150  пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

Манифестацијата ќе трае три дена, а на денешното отворање присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, како и пчелари и  претседатели на пчеларски здруженија од Србија и Бугарија.