Економија 07. октомври 2020. / 14:07

Падот на економијата ќе биде четири проценти како што предвидува Светска банка, смета Бектеши

Падот на економијата ќе биде четири проценти како што предвидува Светска банка, смета Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши е уверен дека годината ќе ја завршиме со пад на економијата од четири проценти како што предвидува Светска банка и оти од следната година ќе има зголемување на БДП.

Коментирајќи ги прогнозите на Светската банка, Бектеши рече дека нивното сценарио е пооптимистичко во однос на проекциите на Владата која предвидува пад од 4,4 проценти.

Таму е наведено дека мерките што сме ги реализирале дале резултати било тоа да се однесува на зачувувањето на работните места или на поттикнувањето на потрошувачката, рече Бектеши.

Според него, во моментот е најважно да се инјектираат средства во компаниите за да се задржи нивната ликвидност и да се сочуваат работните места.