Економија 17. јуни 2019. / 13:20

Ова се новите цени на горивата во Македонија

Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика ја објави најновата одфлука за новите цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,003 ден/кг.