Економија 24. септември 2018. / 15:31

Општините брзо се задолжуваат и чекаат ребаланс на буџетот

Општините брзо се задолжуваат и чекаат ребаланс на буџетот

Со долгови за јавни набавки, претходни инвестиции и сметки за училишта и градинки, се трупани со години од страна на македонските општини, а за тоа нема засега нема прецизна бројка, а единствено како ориентација останува изјавата на премиерот Зоран Заев дека станува збор за нерасчистени обврски од околу 100 милиони евра.

Додека пресметките за Охрид, Тетово, Карпош, Струга, Чаир, и другите кои должан дам милион евра, се уште се прават, се чека ребаланс на државниот буџет и да се најде начин како да се ослободат блокираните сметки.

Станува збор за неподмирени обврски кон добавувачи од над 80 милиони евра, со тоа што на тој долг има и камати, пенали и провизии, па вкупниот долг може да достигне и околу 120 милиони евра.