Секторот за даноци од Општина Куманово, денеска ги повика граѓаните и фирмите да поднесат даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2020 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2020 година.
Пријавата треба да ја поднесат правните и физичките лица за имотот што го стекнале или почнале да го користат во текот на 2019 година, а за кој немаат поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник), дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и слично, имотот кај кој настанала промена во сопственоста како што е отуѓување и имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување, даночните обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2019 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.
Даночна пријава треба да се поднесе до Општината Куманово – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2020 година. Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2019 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не треба да поднесува даночна пријава.
–Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа јавна покана, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот-соопштија од Општина Куманово.
Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) за регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за обавување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса, таксените обврзници кои поднеле пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.