Економија 23. јуни 2018. / 22:25

ОПЕК: Нафтата поскапува

ОПЕК: Нафтата поскапува

Цената на нафтата на светскиот пазар се зголеми по веста дека ОПЕК најави зголемено производство за 600.000 барели дневно, што е недоволно, согласно зголемената побарувачка на меѓународниот пазар. Барел нафта денес поскапе за 3% по веста дека картелот ОПЕК недоволно го зголемува производството на нафта.

Брент Северно-атлантската нафта (“Brent”) порасна за 2,29 долари односно на 75,34 долари (3,1 %) од претходните 74,60 долари. Барел нафта во Тексас, САД, се зголеми за околу 2 долари, од 65,45 на 67,44 долари. Порастот на цените се должеше на вознемиреноста на берзата што, како резултат на растот на побарувачката и закрепнувањето на економијата, годинава може да резултира со дефицит на нафта на светскиот пазар, поради одлуката на ОПЕК да ги зголеми испораките за само 0,5%.

Русија, лидерот на сојузот на 11 петрохемиски производи кои се дел од ОПЕК на крајот од 2016 година, постигнаа историски договор за заедничко “вртење на славините„до крајот на 2018 година, се заложија за зголемување од околу 1,5 милиони барели дневно пред состанокот во Виена.