Економија 18. март 2019. / 09:29

Ограничениот обем на произвотство е поради тоа што на Македонија и недостасува квалификувана работна сила

Ограничениот обем на произвотство е поради тоа што на Македонија и недостасува квалификувана работна сила

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2019 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на јануари 2019 година и изнесува 20.5, а во однос на февруари 2018 година е зголемен за 1.4 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2019, во однос на јануари 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јануари 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на февруари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2019 година изнесува 68.8 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25.0 %, недоволната странска побарувачка со 17.0 %, недоволната домашна побарувачка со 15.2 % и неизвесното економско опкружување со 10.8.%.