Економија 27. мај 2020. / 12:51

Одземени пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа

Одземени пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа

Одземени се пет концесии за минерални суровини во околината на село Лабуништа за да се заштити здравјето на жителите и животната средина.

Како што соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, концесиите еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до Министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина.

За време на вонредната сотојба жителите на Лабуништа продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето – изјави Бектеши.