Откако вчера беше објавено дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, е позитивен на коронавирусот, денеска седницaта на Комисијата нема да почне во 11 часот како што претходно беше најавено.
Од Собранието соопштија дека ќе се чекаат резултатите од земениот брис од други пратеници од комисијата и вработени во неа.
-Почитувани, Комисија за финансирање и буџет нема да започне во 11 часот. Пред малку е завршено земање на брис од страна на Институт за јавно здравје на вработените во комисијата и на дел од пратениците кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.Веднаш штом пристигнат истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата, соопштија од Кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери.
Како што е познато, на Комисијата за финансирање и буџет се разгледува буџетот за идната година, за што се предвидени 10 работни дена.