Од утре во употреба ќе се воведат пластични, полимерни банкноти од 10 и 50 денари, кои постепено ќе ги заменат хартиените банкноти.
Полимерните банкноти ќе можат да се користат за готовинско плаќање, како и за плаќање во автомати за наплата, кога фирмите ќе ги оспособат за тоа.
Хартиените банкноти од 10 и 50 денари ќе можат да ги заменат полимерните во наредните година дена во сите комерцијални банки, а после тоа само во Народната банка на РМ.
Со веведување на нови банкноти од 10 и 50 денари, според Народната банка почнува процесот на полимеризација на сите свои банки.
Анализите покажале дека пластичните банкноти траат и до четири пати повеќе од хартиените чија основа се памучни влакна.
Македонија на овој начин и се придружува на Австралија која, како прва во светот, пластични банкноти има од 1988 година. Такви банкноти имаат и Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи, Романија и уште некои земји.
Македонскиот денар во употреба е воведен на 26 април 1992. година. Хартиените банкноти се во распон од 10 до 2000 денари (0,16 дo 32,42 evra).