Економија 01. јули 2019. / 13:01

Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар, односно за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар за литар и со тоа новата цена ќе изнесува 68,5 денари.

Цените на еуросупер БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар за литар.

Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 61,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.