Економија 28. мај 2018. / 13:37

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторна комисија за енергетика со нови цени на горивата во Македонија.

Еуросупер 95 од полноќ ќе биде 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.

Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.