Економија 05. февруари 2021. / 19:57

Од почетокот на 2021 година, прометот на Македонската берза е зголемен за 3,46%

Од почетокот на 2021 година, прометот на Македонската берза е зголемен за 3,46%

За периодот 01-31 јануари 2021 година вкупниот промет на Македонска берза изнесува 514.116.512 денари и е зголемен за 3,46% во однос на претходниот месец декември.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 120.779.825 денари и бележат зголемување од 25,41%.

Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.514, односно 77 трансакции повеќе во однос на декември, со што бележи зголемување од 5,36%.

Според бројот на трансакциии количината на истргувани акции, лидер е Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 574 трансакции, односно 22.746 истргувани акции.