Економија 27. април 2020. / 10:21

Од денеска почна етапната исплата на пензиите на банкарските шалтери

Од денеска почна етапната исплата на пензиите на банкарските шалтери

Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е во утре (вторник 28 април), за пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата е во среда 29 април и за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од корона вирусот.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.