Економија 23. април 2018. / 10:39

Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин за средба со даночните агенти

Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин за средба со даночните агенти

Услугите на Регионалната дирекција, на УЈП во Скопје од 1 Мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.

Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страната на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk.