Побарувачката за опции за третман со канабис расте експоненцијално
Откако германскиот парламент и федералните законодавци и формално ја прекинаа процедурата за собирање на првата домашна жетва од канабис, германските државјани почнаа да бараат меѓународни решенија како опции за лекување. По презентацијата и учеството на Меѓународната бизнис конференција за канабис (ICBC) во Берлин, NYSK Holdings, македонскиот овластен производител на масло од канабис, се обидува да го пополни токму овој јаз којшто се појави на германскиот пазар.
Користејќи врвна технологија за одгледување и екстракција, NYSK Holdings успеа да развие иновативен пристап како во одгледувањето канабис, така и во обработката и екстракцијата на масло од цветот на канабисот. NYSK Holdings има доволен капацитет да го предводи влезот на германскиот пазар со висококвалитетни медицински понуди на производи од ЦБД и ТХЦ.
Според процените направени од страна на аналитичарите во ова поле, се смета дека количината на канабис потребна за поддршка на германскиот пазар е речиси седум тони годишно. Додека пак во исто време, неофицијално се шпекулира дека оваа процена е премногу мала за да почне да ја задоволува неостварената побарувачка за канабис во Германија. Директорот на NYSK Holdings, Златко Кесковски верува дека тој број е уште поголем, „Ние се подготвуваме да ги задоволиме потребите на повеќе од два милиона пациенти во Германија, кои се квалификуваат за овој тип третман и кои ќе имаат корист од нашите производи, коишто се очекува наскоро да бидат достапни на пазарот”.
Се додека не биде објавен нов јавен повик за прибирање понуди од страна на BfArM (Bundesinstitut für Arzneimittel und Medizinprodukte), што се очекува да биде на почетокот на 2019 година, увозот на пазарот во Германија ќе продолжи да расте. „Ваквото гласање на германскиот парламент отвори простор за NYSK Holdings да се наметне како лидер во оваа област и да понуди квалитетни опции за успешни резултати кај потрошувачите и пациентите во Германија, а и во поголемиот дел од Европа”, рече Кесковски.
NYSK Holdings развива производи од канабис од отворањето на својот прв производен објект во Скопје, од февруари 2017 година. Досега е завршена петтата жетва, а откако поседуваат и дозвола за извоз во Европската Унија, NYSK Holdings предвидуваат дека нивните први производи од канабис ќе бидат достапни на продажните места кон крајот на оваа пролет.