Економија 14. октомври 2019. / 18:58

Нова социјална реформа: Секое семејство добива социјален работник кој ќе им помогне да излезат од сиромаштија

Нова социјална реформа: Секое семејство добива социјален работник кој ќе им помогне да излезат од сиромаштија

Во рамки вторите две панел дискусии од регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ што се одржува денеска во Скопје, се разговараше за улогата на социјалните услуги, управувањето со случај и приходните трансфери во намалувањето на сиромаштијата.

Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика, истакна дека Западен Балкан има силна традиција на давање на услуги за социјална заштита и грижа преку центри, односно преку Центрите за социјална работа. Меѓутоа, во многу од овие земји таквите центри честопати се поделени според различните професионални одговорности и не нудат сеопфатна проценка на ранливостите на децата.

-Токму затоа со социјалната реформа МТСП воведе и управување со случај. Ова значи дека секое семејство добива социјален работник кој ќе се грижи за потребите на семејството и ќе го води нивниот случај од самиот почеток до крај, рече Душан Томшиќ.