На денешната 91. седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за рамковна соработка помеѓу Република Македонија и Групацијата Светска банка за периодот 2019-2023 година и го прифати предлогот за рамковната соработка, односно го прифати предлогот со проекти што би се реализирале и финансирале со средства (грант или заем) од Групацијата Светска банка во наведениот период.
Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија информацијата во врска со активностите што ги презема Република Македонија за имплементација на Националната стратегија за одржлив развој и имплементација на целите за одржлив развој на Обединетите нации и донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за формирање на Националниот совет за одржлив развој.