Економија 22. декември 2019. / 20:45

Нова патарина кон Грција: Од Скопје до Гевгелија и назад патувањето ќе нè чини околу 700 денари

Нова патарина кон Грција: Од Скопје до Гевгелија и назад патувањето ќе нè чини околу 700 денари

За помалку од два месеци ќе има уште една патарина на автопатот Демир Капија – Смоквица. Според неофицијални информации цената на новата патарина би се движела од 60 до 80 денари.

Оваа вест денеска на прес конференција за тоа што сработило претпријатието за државни патишта ја обелодени директорот Зоран Китанов кој не откри колкава ќе биде цената која ќе ја плаќаат возачите, но затоа најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Вкупно досега од Скопје до Гевгелија или поминати околу 180 километри се плаќаше 280 денари. Со покачувањето патарината за оваа делница би се движела околу 350 денари или патувањето со патничко возило за 180 километри автопат, од Скопје од Гевгелијаи и назад ќе чини околу 700 денари.