Економија

Нов закон: Владата влегува во војна со спортските обложувалници!

Нов закон: Владата влегува во војна со спортските обложувалници!

Со измени на Законот се предвидуваат нови давачки за спортските обложувалници кои за еснафот се порака дека Владата сака да му стави крај на обложувачкиот бизнис во Македонија. Државата планира со новиот закон да ги задолжи обложувалниците покрај актуелните давачки да плаќаат дополнителни 1 600 евра за секое уплатно место, што според Асоцијацијата на спортски oбложувалници е огромна давачка која ќе ги зголеми месечните давачки за 35 до 40 проценти.

Паралелно со воведувањето на новата давачка, во предлог-законот се предвидува двојно до тројно зголемување на давачките за лиценци со воведување на принцип на дополнителни лиценци за секои нови 50 уплатно-исплатни места, зголемување на банковите гаранции од 300.000 евра на 500.000 евра, и тоа по поединечна лиценца, двојно зголемување на казнените одредби и високи нови надоместоци на име на проценка на ризик од Управата за финансиско разузнавање.