Економија 12. август 2020. / 22:44

Нина демантира, ама потврдува: Ги извадила орочените пари во Еуростандард, ама нe кажува кога!

Нина демантира, ама потврдува: Ги извадила орочените пари во Еуростандард, ама нe кажува кога!

Министерката за финансии Нина Ангеловска најостро ги демантира лажните вести дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење, информираат од Министерството за финансии.

Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот  лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка, информираат од МФ.

Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), велат од Финансии.

Сепак министерката за финансии Нина Ангеловска, од една страна потврдува дека ги извадила орочените пари од Еуростандард банката, но од друга страна не кажува точно во кој период ги извадила парите, вкупно 200 000 евра.