Економија 20. август 2019. / 11:04

Никола Поповски е новиот главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија AД Скопје

Никола Поповски е новиот главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија AД Скопје

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.