Економија 03. ноември 2018. / 17:14

Независниот синдикат на образование и наука бара 20% повисоки плати во 2019

Независниот синдикат на образование и наука бара 20% повисоки плати во 2019

Незавиниот синдикат за образование и наука бара со новиот буџет да се зголемат платите за 20%. Голем број аргументи се наведени во барањето на наставниците. Плати под републичкиот просек, средства кои не се доволни за пристоен живот, а според синдикатот, трудот на просветните работници е далеку пониско вреднуван од нивните колеги во регионот .

Владата без конкретен одговор, најавија дека во следниот период ќе разговараат за покачување на платите на наставниците .

По повеќе години, наставниците прв пат овој месец добија за 5% повисока плата. Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа, како работа за викенд и други активности. Со последната спогодба беше утврдена најниска плата за најнизок степен на сложеност за вработените, од 12.714 денари за основните и 13.117 за средните училишта.