Економија 06. декември 2020. / 14:15

Нема судир на интереси при изборот на директорот на МЕПСО, смета Бочварски

Нема судир на интереси при изборот на директорот на МЕПСО, смета Бочварски

Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочваски.

Колку што сум информиран, додаде тој, правните тимови на Владата го имаат разгледувано мислењето од ДКСК и сметам дека ставот на Владата е дека нема судир на интереси во однос на поставувањето на директорот на МЕПСО.

МЕПСО има свој Управен и Надзорен одбор. Надзорниот одбор согласно законските можности избира претседател на Управниот одбор и сите останати органи и тела на компанијата. Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата. Сепак, ќе ја следиме состојбата и ќе ги видиме сите аргументи и прашања кои се отвораат и стоиме на располагање да разговараме на оваа тема. Мислам дека според сите правни аргументи кои досега ги имам слушнато јас, но и Владата дека таму нема судир на интереси, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето на воспоставувањето нова директна авиолинија меѓу Скопје и Киев.