Економија 14. јули 2018. / 20:00

Нема рестрикции и дополнителни царини од ЕУ за Македонија

Нема рестрикции и дополнителни царини од ЕУ за Македонија

Македонија нема да биде вклучена во никакви санкции и дополнителни царини од Европската унија. при заштитата на европските производи од воведувањето на царина од 25 отсто од страна на САД за увоз на челикот од Европа.

Вакво уверување добил министерот за економија, Крешник Бектеши од комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром откако македонската челична индустрија алармираше до Владата нашата земја да биде изземена од санкциите кои произлегуваат од трговската војна меѓу САД и Европа.

Домашните бизнисмени алармираа дека контра мерките на Европската унија значително ќе и наштетат на македонската економија. Најмногу ќе биде погоден македонскиот челик, но нема да бидат поштедени и другите гранки. Стопанствениците се надеваат дека Европа ќе пресмета дека македонските производи не се закана за нив.

Бектеши тврди дека Македонија нема да биде на листата земји кои ќе бидат опфатени со дополнителни царини.

„Индустријата на челик имаше состанок со нас и ние ги претставивме нивните барања пред Европската комисија која наредните денови треба да излезе со извештај што се однесува за увозот на челик во Европската унија и според нашите сознанија Македонија нема да биде вклучена во некакви санкци“, рече министерот Бектеши.