Економија 04. јануари 2020. / 18:08

Нема ниту еден млад земјоделец од Југоисточниот регион кој ќе користи 10.000 евра

Нема ниту еден млад земјоделец од Југоисточниот регион кој ќе користи 10.000 евра

Нема ниту еден земјоделц на возраст до 40 години од Југоисточниот регион кој ќе користи 10 илјади евра од последниот повик „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност’’.

Од неодамна потпишаните 102 договори најмногу млади земјоделци што ќе користат државна помош има од пелагонискиот 28, во источниот 24, скопскиот 21 и вардарскиот регион 12 млади земјоделци. Во останатите многу помалку додека во Југосточниот ниту еден млад земјоделец

„Имаше апликации од Југоисточниот регион, но не беа соодветни според повикот од мерката 112.’’ информираа од Платежната агенција

Земјоделските здруженија алармираат дека треба поголема грижа за агросекторот бидејки старосната граница на земјоделците е се поголема а многу млади не сакаат да се занимаваат со земјоделство.

Поддршката на младите земјоделци ова година ќе до 20 илјади евра. Со овие средства тие ќе можат да набават опрема, механизација за отпочнување на земјоделски бизнис, кажа на истекот од минатата година Трајан Димковски кој очекува развој на руралните средини.

Досега државата има склучено 526 договори за инвестиции во аграрот преку мерката Млад земјоделец. Од Југоистокот според нашите информации од истата низ сите повици имаат искористено само околу 20 тина млади фармери иако преставува најградинарскиот регион во државата.