Економија 09. ноември 2020. / 09:29

Нови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Вообичаено како и секој понеделник, така и овој, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Ќе потсетиме дека минатата седмица имавме пад на цените, па така бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/литар.

Регулаторната комисија постојано игра “топло – ладно”, па останува да видиме од полноќ дали не очекува покачување или намалување на цените на горивата.