Сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти, велат оттаму во своето соопштение, додавајќи дека не само што пректот е целосно безбеден, тој ќе донесе и бенефит за македонската економија.
Од „Еуромакс ресоурсис“ посочуваат дека сите оние кои сакаат, можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна.
Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата, посочуваат во соопштението, донел одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина.
Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството, додаваат од компанијата.