Економија 09. декември 2020. / 12:14

Недела неработен ден, за угостителите и Бектеши тоа е штетно за секторот, синдикатите бараат 50 отсто повисока дневница

Недела неработен ден, за угостителите и Бектеши тоа е штетно за секторот, синдикатите бараат 50 отсто повисока дневница

Предлог законските измени во Законот за работни односи, со кои неделата ќе биде прогласена за неработен ден, освен ако со друг закон или колективен договор не е одредено поинаку, на крајот на оваа недела, односно во петок, треба повторно да се „чешлаат“ на Економско-социјалниот совет, каде членуваат претставници на власта, на работодавачите и на синдикатите, пишува Фактор.мк.

Онака како што сега стојат работите, факт е дека газдите од областа на трговијата и угостителството сметаат дека ќе биде штетно за нивните сектори да бидат принудени да се откажат од неделниот промет, а многу блиску до нивните ставови е и министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред неколку дена, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, чиј ресор, пак, всушност го подготвуваше законското решение, изјави дека ова министерство, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до  некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден, како и дека тоа прашање треба да се отвори на Економско-социјалниот совет.

Целиот текст овде.