Економија 01. ноември 2018. / 18:05

НБРМ: Растот на БДП од 3,2% паѓа на 2,3 %

НБРМ: Растот на БДП од 3,2% паѓа на 2,3 %

Народната банка на Република Македонија направи корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти во есенската ревизија на макроекономските проекции споредено со проекциите во април.

– Во периодот на проекции се очекува постепено закрепнување на домашната економија по стагнацијата со која се соочивме во 2017 година, при оценет раст на БДП од 2,3 проценти во 2018 година и постепено натамошно забрзување на растот во натамошниот период и достигнување на одредени солидни стапки на раство 2021 година од 4 отсто, рече денеска на прес-конфеернција гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска.

Новите проекции, како што потенцираше, претпоставуваат стабилно домашно и екстерно опкружување. Надолната корекција е одраз на послабите остварувања во првата половина од година кога очекувавме економски раст од 3,3 проценти, а остварувањата се 1,6 проценти, при што најголемото отстапување е во сегментот на инвестициите.

– Оттаму и во натамошниот период претпоставката која што ја вградуваме за ревитализирање на инвестициите и натаму е главниот пункт на ризик за периодот на проекција исто како и во априлската проекција, рече Ангеловска Бежоска.