Народната банка објави оглас за продажба на подвижен имот – моторни возила по пат на усно јавно наддавање кое ќе се оддржи на 23.07.2019 година, пренесе Слободен печат.
Станува збор за четири возила Ауди А6, Форд Мондео, Фолксваген Кеди и Цитроен Ц4 кои имаат „багателна“ почетна цена.
– Сите заинтересирани лица можат да ги разгледаат моторните возила секој работен ден почнувајќи од 27.06.2019 година во период од 11:00 до 13:00 часот. За разгледување на автомобилите заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3108-106 или 02/3108-416. – соопшти НБРСМ.
Заинтересираните лица кои ќе учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество, која е достапна на веб-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија (http://www.nbrm.mk), или да ја подигнат од архивата на Народната банка на Република Северна Македонија.
За повеќе информации можете да го погледнете огласот објавен од страна на Народната банка.