Економија 03. мај 2018. / 21:21

Народна банка ја задржува проекцијата: Годинава 3,2% раст на БДП

Народна банка ја задржува проекцијата: Годинава 3,2% раст на БДП

Народната банка ја здржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти, а за наредната година до 3,5 проценти. Се очекува движечки фактор да биде извозот, инвестициите, како и личната потрошувачка на граѓаните.

За годинава останува и проекцијата на инфлација на околу два проценти, а ризиците главно се поврзани со увезените цени. Кај депозитите се очекува раст од 6,4 проценти.

Кредитната активност на банките, според Народната банка, и понатаму ќе биде важен фактор за поддршка на економскиот раст.