Економија 19. мај 2020. / 13:31

Народна Банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Народна Банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Од Народна Банка ги демантираат информациите за можна девалвација на Денарот.

Од НБРМ тврдат дека националната валута е стабилна и така ќе биде и во иднина.

Соопштението на НБРМ ви го пренесуваме бо целост:

„Во врска со шпекулациите на социјалните мрежи со тврдења за домашната валута и упатување на оцени на Европска Унија (ЕУ), во консултација со ?? Делегацијата на ЕУ (Delegation of the European Union, Skopje) ве известуваме дека изнесените информации не се вистинити.

Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен!

Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни или непроверени информации во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за македонската економија.

Потсетуваме:

? Девизните резерви се на соодветно високо ниво, што е најзначајна гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута. На крајот на април, тие изнесуваат нешто над 3 милијарди и 159,6 милиони евра и во однос на март бележат зголемување за 142,3 милиони евра. Нивното ниво е речиси двојно повисоко во однос на кризата во 2008 година.

? Согласно со најновите проекции на Народната банка, во претстојниот период се очекува и натамошен раст на девизните резерви.

? Дополнително, ние располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен.

? Во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви е и ќе остане адекватно и дека не се очекува на ниту еден начин да биде загрозена стабилноста на денарот.

? Ниту од Народната банка, ниту од релевантните меѓународни институции не се очекува пораст на стапката на инфлација, односно не се очекува пораст на цените. Напротив – во услови на тековни инфлациски остварувања коишто се под очекуваните, како и при значителни надолни ревизии кај увозните цени поради шокот од пандемијата на ковид-19, особено на енергентите, оцените упатуваат на стапка на инфлација од околу 0% за 2020 година.

? Дефицитот на тековната сметка е на умерено ниво и според проекциите тој и натаму ќе биде на умерено ниво, а надворешниот долг останува во зоната нa умерено ниво, при негово намалување минатата година.

? Банкарскиот систем е стабилен и според сите показатели е подготвен не само да се справи со шокот од ковид-19, туку и натаму, континуирано да испорачува кредитна поддршка за македонската економија и да придонесе таа полесно и побрзо да се справи со предизвиците од корона-кризата.

❗️Повторно потсетуваме дека како што во повеќе наврати соопштивме – девизниот курс на денарот е и ќе остане стабилен“.