Економија 29. декември 2020. / 11:27

Најнизок износ на пензија земале 77 589 пензионери

Најнизок износ на пензија земале 77 589 пензионери

Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.240 денари до 11.427 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 324.592 лица додека просечната пензија во ноември изнесувала 15.449 денари.

Најнизок износ на пензија земале 77.589 пензионери, од кои 59.770 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум.

Останатите 17.819 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година.

Колку пензиониери имаат највисока пензија и колку изнесува таа, може да прочитате тука.