Економија 28. јули 2018. / 11:17

Најголемите телевизии лани со најмал приход во последните 5 години

Најголемите телевизии лани со најмал приход во последните 5 години

Во 2017 година петте национални телевизии кои емитуваат програма на државно ниво (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М и ТВ Алфа), оствариле вкуен приход од 1,071.89 милиони денари. Ова го покажа Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година, која ја објави Агенцијата за медиуми.

Ова е најмал износ на вкупните приходи на овие пет телевизии во последните пет години. Во споредба со претходната година приходите се пониски за 2,65%. Повисоки приходи отколку во 2016 година остварила само ТВ Телма (за 31,02%).

Највисоки приходи од рекламирање повторно остварила ТВ Сител во износ од 416,05 милиони денари, односно 43,40% од вкупните приходи за реклами и телешопинг на овие пет телевизии.

За плати и други надоместоци на лица кои се дирекно поврзани со производство на програма телевизиите издвоиле 261,45 милиони денари што е 25,47% од вкупните трошоци на работењето.

Во структурата на приходите, најзначајно учество имале приходите од продажба на времето за рекламирање (87,10%). Во 2017 година, просечниот број на вработени во редовен работен однос кај овие пет телевизии бил 612 лица. Од нив најмногу вработени биле во ТВ Канал 5 (151 лице).