Економија 20. февруари 2020. / 19:15

Наградно прашање: Кој е советникот на министерката Ангеловска

Наградно прашање: Кој е советникот на министерката Ангеловска

Од толку голема „грижа за јавната администрација“, министерката за финансии Нина Ангеловска заборави дека треба да се пропише нов обрзаец за Даночен Биланс На Вкупен Приход (ДБ-ВП) за минатата 2019 година, ама важно побрза да свика седница на Собранието на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители (ИСОС) на 20.02.2020 година.

Пишува: Сметководителот Ревизор

Не навлегувам во законската НЕнадлежност на министерката да се меша во внатрешните работи на сметководителите (може по дома да си кажува кој, што и како треба да прави) ама за да свика седница на Собрание на ИСОС, треба да бидат исполнети КУМУЛАТИВНО неколку законски услови, коишто не се исполнети. Прво, треба да биде исполнет условот од чл. 8 ст. 3 од Законот за вршење на сметководствени работи, потоа треба да истечат роковите од ст. 4 на истиот член, како предуслов за да може министерката да го примени ст. 5 од истиот член 8 од истиот Закон. Или; министерката за финансии поим нема дека со свикување на Собранието на ИСОС прерипала неколку ЗАДОЛЖИТЕЛНИ законски процедури кога се повикала на чл. 8 ст. 5 од Законот за вршење сметководствени работи).

Мани тоа што законскиот основ за седницата си нема врска, во нејзината покана заборавила од формален аспект да наведе кој е поканет да учествува на тоа Собрание, како што си е редот на нештата. Прво се пишува ДО ТОЈ И ТОЈ или ДО СОБРАНИЕТО НА ИСОС (барем поздравните обраќања на сите ни се од општа култура). Згора на се’, Собранието на ИСОС си има и починати членови на кои не им е констатиран престанок на функцијата… Е тоа е тоа што мене оваа седница на Собранието на ИСОС посебно ми го привлече вниманието. Дали можеби министерката очекува дека И МРТВИТЕ ќе станат да гласаат ЗА предложениот дневен ред. Штотуку сфатив дека она си нема поим кои се членовите на Собранието на ИСОС, ниту пак ги знае неговите надлежности. Нејсе, да видиме до каде оди лудоста со ова фамозно Собрание на ИСОС.

Прво, не се доставени материјали за одлучување според законски пропишаниот рок од 15 дена, со што грубо е прекршен чл. 21 ст. 1 и ст. 2 од Статутот на ИСОС, а поканата не е ниту објавена на веб страницата на ИСОС (не се знае до кој е доставена оваа покана и како што пишав погоре министерката очекува и мртвите да станат да гласаат, што е фалсификат пар екселанс);

Второ, точка 1 од дневниот ред не е согласно со чл. 6 ст. 1 од Деловникот за работа на Собранието на ИСОС. Видете, секој што е инволвиран во оваа проблематика знае дека прво се усвојуваат записниците од последните одржани седници на Собранието на ИСОС. А на последната седница се усвоија одлуки по препораки токму на министерството за финансии кое таа го управува – како на пример онаа одлука дека членарината која сметководствените бироа ја плаќале на ИСОС била незаконска и дека таа тарифа требало да се укине. Жално, ама изгледа дека во министерството за финансии ниту се знае што се работи, ниту кој пие, ниту кој плаќа… Не битно, терај, кучињата лаат ама караванот да си врви!;

Трето, хахахахаха извинете ама ова третово е толку многу смешно, бидејќи истата таа министерка која одбива да даде согласност на годишната програма и финансиски план за работа на ИСОС за 2019 година, сега се сети дека тие два акти треба да се усвојат од Собранието на ИСОС. Па си ставила на дневен ред усвојување само на завршна сметка на ИСОС за 2019 година, ама не и годишен извештај за работата на ИСОС за 2019 година, што си нема ама баш никаква врска со чл. 7 ст. 2 т. 14 од Законот за вршење на сметководствени работи. Усвојувањето на годишната сметка и годишниот извештај за работата на ИСОС одат заедно во пакет, бидејќи во годишниот извештај се дава отчет за што се потрошени парите за 2019 година. А „Молим лепо“ министерство за финансии не даде согласност ниту на финансискиот план ниту на програмата за работа на ИСОС за 2019 година.  Како и да е, и според чл. 7 ст. 1 т. 14 и ст. 3 од Законот за вршење на сметководствени работи, без разлика дали Собранието ќе донесе одлука за усвојување или за неусвојување на годишната сметка на ИСОС за 2019 година, истата подлежи на согласност од министерството за финансии. Да сум јас на местото на членовите на Собранието на ИСОС за оваа точка од дневниот ред ќе гласам ВОЗДРЖАНО па да видам на што министерката ќе даде согласностJ ;

Четврто, на министерката изгледа не и’ е јасно што значи преводот на МСФИ (Меѓународни стандарди за финансиско известување) и на МСФИ за МСС (Меѓународни сметководствени стандарди):  By the way there is no effective date of application. Душичка, не и кажале службите што е тоа? Туку да се осврнам на она другото, како тоа ќе се изберат комисии за проверка на преводот на МСФИ кога, прво материјалите за одлучување не се доставени во прилог на поканата за свикување на седницата на Собранието на ИСОС и тоа ти се молам во рокот од најмалку 15 дена како што вели чл. 21 ст. 2 од Статутот на ИСОС; и второ, како ќе се изберат дотичните комисии за проверка на преводот кога за тоа е потребна претходна согласност од министерката според чл. 5 ст. 3 од Законот за вршење на сметководствени работи? Читај, министерката поим немала дека претходно требало да даде позитивно мислење за избор на членовите на комисиите за проверка преводот пред да ја свика седницата на Собранието. А деловник за работа на истите тие комисиите за МСФИ според чл. 39 ст. 1 од Статутот на ИСОС нема, а башка на веб страната на ИСОС се објавени два огласи (и оглас за објаснување хахахха) за избор на членови во комисиите за проверка на преводот, без да води сметка дека основен ЗАКОНСКИ услов за членство во било која комисија на ИСОС е кандидатот ДА Е ЧЛЕН НА ИСОС. Така стои во чл. 5 ст. 3 од Законот за вршење на сметководствени работи, а министерката требало да си го прочита Законот;

Петто, избор на членови за Надзорен одбор на ИСОС. Ајде вака сега, министерката ја признава седницата на Собранието на ИСОС на која беше донесена одлуката со која беше стопирана наплатата на членарината од сметководствените бироа (за која пишав погоре), и истовремено истата таа министерка си молчи дека на истата таа седница на Собранието беше донесена и одлука за избор на нови членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ИСОС. Можеби не и’ одговараат избраните кандидати или не и’ се de facto по ќеиф па затоа НЕ ГО СТАВИ НА УСВОЈУВАЊЕ ЗАПИСНИКОТ ОД ПОСЛЕДНАТА СЕНДИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ИСОС? Не знам за вас колеги НО ЗА МЕНЕ  ВАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА МИНИСТЕРКАТА Е КРАЈНО ДИСКРИМИНАТОРСКО. Јас како член на ИСОС се чувствувам дека сум ставен во нееднаква положба со другите членови затоа што со еден аршин се мава по препораките на министерството за финансии (демек тоа е ок), безобразно со друг аршин (со дрва и камења) се мава по слободумните членови на ИСОС, а без Надзорен одмор НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА МАТЕРИЈАЛНОТО И ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ИСОС. Барем така стои во чл. 9 ст. 6 т. 1 од Законот.

И сега полека доаѓам до главниот дел – последната точка од дневниот ред на министерката – „Донесување Одлука за распишување избори за избрани претставници од подружниците за членови на Собранието на ИСОС“. Интересно е што носењето на ваква одлука НЕ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ на Собранието на ИСОС. Во чл. 51 ст. 1 од Статутот на ИСОС фино пишува ИЗБОРИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОБРАНИЕ НА ИСОС РАСПИШУВА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ИСОС, ама кој да чита J. Да си бидеме на чисто, точно е дека секој член на Собранието на ИСОС може да си поднесе лична оставка, но правно гледано со носењето на една ваква одлука со ваков диспозитив значи дека МАНДАТОТ на Собранието на ИСОС МУ ПРЕСТАНУВА ВО МОМЕНТОТ НА РАСПИШУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ ОД НЕГОВА СТРАНА. Така ИСОС нема да има Собрание, барем не во догледен период, и ќе си нема Надзорен одбор… (пази на веб страната на ИСОС има и оглас за избор на лица кои технички ќе го извршат преводот на МСФИ. За лукративни цели, за парички. Души.

И сега така си анализирам, на дневен ред на Собранието на ИСОС министерката заборавила да стави точка на дневен ред ДОНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ФИНАНСИСКИ ПЛАН И ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ИСОС ЗА 2020 ГОДИНА (во кои ќе бидат предвбидени пари и план за превод на МСФИ), што значи скокање на законската процедура од чл. 7 ст. 2 т. 13 од Законот за вршење на сметководствени работи, бидејќи на Собранието на ИСОС (кукавички) му се имплицираповедување незаконска постапка за превод на МСФИ (малтене по пат на заблуда).

Значи сума сумарум:

  1. Немаш финансиски план и програма за работа на ИСОС за 2020 година (во кои би биле предвидени пари и план за превод на МСФИ);
  2. Незаконски избираш две комисии за проверка на преводот на МСФИ, без претходно позитивно мислење од министерката за финансии (си знае таа дека нема основ за да го даде ова позитивно мислење затоа што нема финансиски план и програма за работа на ИСОС за 2020 година во кои би бил предвиден преводот на МСФИ);
  3. Поведуваш нова (или сеедно ја повторуваш претходната) постапка за избор на членови на Надзорен одбор на ИСОС и потоа го распушташ Собранието на ИСОС;
  4. Склучуваш договори со лица кои треба технички (за пари од ИСОС) да го извршат преводот на МСФИ (не знаеме за колку), а претходно избраните комисии за проверка на преводот немаат деловник за работа; и
  5. Немаш Надзорен одбор кој ќе ја контролира исплатената сума на лицата кои технички ќе го извршат преводот на МСФИ, затоа што имаш распуштено Собрание на ИСОС кое не може да избере нов Надозорен одбор, ниту пак може да избере нов Управен одобор на ИСОС.

Јасно Ви е што е работата???

И на крај Наградното прашање е: Кој е советникот на министерката за финансии којшто ја советувал да спроведе ваква НЕЗАКОНСКА постапка за превод на МСФИ и на МСФИ за МСС преку Собранието на ИСОС?

Оној што ќе даде точен одговор ќе добие гратис купон за превод на МСФИ и на МСФИ за МСС.

До следното издание, Ве поздравувам сите,