Зад затворени врати се кординираа министрите за економија и земјоделство, и директорите на Агенцијата за храна и Царинската управа за ситуацијата со Косово по забраната на Приштина за увоз на македонски мед и компири. Нема детали што било договорено и со што утре министрот за економија Крешник Бекташи ќе настапи на состанокот со својот колега Едрит Шала во Приштина, пренесува Алсат-М.
Македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа косовските власти да ставаат забрана посочува директорот за храна и ветеринарство.
–Македонските производи ги задоволуват светските стандарди, највисоките страндарди што се бараат од Европската Унија, компирот исто така брзо за некој месец, два ќе добие дозвола за извоз во Европска Унија и ние ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат оваа забрана – рече директорот на Агенција за храна и ветеринарсво, Зоран Атанасов.
Рекција пристигна и од претседателот на стопанска комора Бранко Азески кој го дели исто мислење со Сафет Ѓергалиу, поранешен претседател на стопанскта комора во Косово. Според него забраната од косовска страна е популистичка мерка донесена во погрешно време.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.