Ликвидноста на компаниите, особено на малите и средните кои тешко се соочуваат со последиците од коронакризата, ќе бидат во фокусот на петтиот економски пакет, вели претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.
– Фактот што повеќе од 4.000 компании се затворија доволно зборува за неопходноста од пари за одржување на ликвидноста, вели Хоџа.
И Хоџа не е оптимист дека пакетот и неопходната регулатива ќе стигнат навреме за да се даде финансиска помош за исплата на јануарската плата.
– Но, ние ќе бараме од Владата да најде начин како да ја даде помошта за плата за јануари, затоа што овој зимски месец вообичаено е тежок за компаниите, посочува Хоџа.
Комората на Северозападна Македонија ги дефинираше своите барања за петтиот пакет, а и нејзин став е дека финансиската помош за плати треба да се исплаќа директно на сметка на работниците, за да нема злоупотреба на пари од страна на газдите.