Денеска ширум светот се слави светскиот ден на туристички водичи 21 февруари.
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија честитки со искрени желби за многу работа во престојниот период и подобрување на статусот на водичите во светот.
Туристичките водичи се културни амбасадори на својата земја и со својата работа допринесуваат во развивањето на туризмот во својата држава и пошироко во регионот. Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата. Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.
Тие јавно упатија неколку барања до Владата за подобрување на статусот на водичите.
Зошто и според кои критериуми туристичките водичи се иземени од 5 от пакет на економски мерки земајќи во предвид дека се наогаме во тешка состојба заради пандемијата, а бевме вклучени во предходниот пакет на мерки, прашуваат од асоцијацијата.
Бараат од ресорното министерство и владата да одговорат на нивните барања за решавање на нивниот статус.
Бараат донесување на протоколи за работа во дејноста и бараат исто така, од Министерството за Здравство по предходно нивно барање да ги внесе во листа на приоритетни категории за вакцинација.