Измените и дополнувањата на Законот за пасишта, што влегуваат во завршна фаза, треба да донесат поголема сигурност, континуитет и квалитет во давањето на услугите, како и нивна применливост, соопштија од Министерството за земјоделство.
На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог – измени и дополнувања на текстот.
– Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата. Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис, информира МЗШВ.