Економија 16. февруари 2020. / 12:36

Мојсовски: Нови 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 година

Мојсовски: Нови 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 година

Правиот пат на државата кон европската иднина подразбира и квалитетен спорт, професионални спортски клубови и конкуретни спортисти на европските и светските натпревари. Владата предводена од СДСМ продолжува со подобрување на условите во спортот преку мерката „Спортски ваучери“, изјави  Наумче Мојсоски, претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

– Со оваа мерка, Владата и Агенцијата за млади и спорт ги стимулираат стопанските субјекти да го пронајдат својот интерес и да инвестираат во спортот, рече Мојсоски.

Годинава, 43 Национални спортски федерации, 454 Спортски клубови и 320 индивидуални спортисти ќе добијат финансиска поддршка, што е од огромно значење за нивниот професионален напредок, но и за мотивот да стигнат до европските и светските првенства.

Со ваучерскиот систем на приватните компании им се овозможува 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи зајакнување на финансиската моќ на спортските клубови кои ќе станат атрактивни партнери на компаниите. А самите компании ќе имаат сопствена промоција и ќе покажат висока општествена одговорност.

Компаниите, наместо дел од данокот на добивка да го платат на државата, ќе имаат можност да го вложат директно во спортски клуб или спортист.

– Мерката покажа одлични резултати. Имаме и многу примери кога со овие пари спасивме федерации и клубови од пропаѓање, а голем број спортисти ги вративме на терените, рече Мојсоски.