Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека Владата засега не планира да ја стопира мерката МојДДВ и наградната игра поврзана со оваа мерка.
– Кај нас доаѓаат предлози од граѓани и овие пари да бидат пренасочени кон решавање на здравствената криза. Ние ги разгледуваме овие предлози, но засега не планираме да ја стопираме мерката – изјави Ангеловска.
Министерката објасни дека се размислува да се овозможи опција доколку граѓаните сакаат да ги донираат парите тоа да го направат во рамки на апликацијата.
– Тоа ќе знчи дека секој кој сака да ги донира парите ќе моќе и тоа да го направи. Но засега тоа е само предмет на размислување. ние ги следиме предлозите на граѓаните , па ќе одлучиме понатаму – појасни Ангеловска.