Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до Министерството за финансии да ги преиспита законските измени на Законот за данок на личен доход, односно членот 12 став 1, точка 40 од Законот каде што се предвидуваат дополнителни трошоци за организации кои организираат настани во временски период од над 3 дена, кои директно ги засегаат здруженијата на граѓани.
-Ако настанот е подолг од 3 дена тогаш би се плаќало личен доход за учесниците за пат, храна и сместување. Ова директно ги засега младинските организации кои и онака со крајни напори обезбедуваат минимални средства во рамки на своите програми и проекти, се наведува во соопштението на МОДОМ.
Од младинската организација апелираат да не се отежнуваат и така малите можности на младите за доедукација и неформално образование и предлагаме да се повлече овој дополнителен трошок предвиден во предлог законот.